(Видео) Сокол предвиде победа на Србија против Бразил на Светско првенство во Катар

Соколот Хари од белградската зоолошка градина предвидува победа на Србија во претстојниот натпревар што ќе го игра против Бразил на Светското првенство во Катар.

Соколот имаше задача да слета на едно од знамињата на земјите што ќе се сретнат вечерва од 20 часот и на тој начин да го прогнозира победникот.

Репортерот на ТВ Прва го ослободи Хари, кој потоа слета на знамето на Србија.

„Се надевам дека ќе успееме да постигнеме два гола, но многумина би биле задоволни со еден“, вели Кристијан Овари, биолог во зоолошката градина.

Пред 12 години октопод го предвиде поразот на германската репрезентација на Европското првенство кога Србија ја победи оваа земја со 1:0.

 

Scroll to Top