(Видео) Сопругата на Дмитриј Песков кршеше чинии во Грција

Сопругата на портпаролот на Путин, Татјана Навка, е снимена на одмор во Грција, каде кршеше чинии. Кршењето е традиционален начин на забава во земјата, а сопругата на Песков објави видео на „Инстаграм“, социјална мрежа која е забранета во Русија.

Откако многу од фановите ја критикуваа, таа го избриша видеото. Грците рекоа дека Навка влегла во земјата од турскиот град Ефес, каде одморала на јахта.

„Дали вашиот сопруг го снима тоа?“, „Зошто не сте на Крим?“, „Ова е срам за Путин и Русија“, биле само некои од коментарите на фановите.

Scroll to Top