(Видео) Спасен е коњ по поминати три недели под урнатините во Турција

По 21 ден поминат од под урнатините на зграда во Адијаман, спасен е коњ од страна на турските спасувачи. Извлекувањето на коњот било со присуство на ветеринари.

Животното е извлечено од непристапен терен. По прегледот од ветеринарот кој утврдил дека животното нема повреди опасни по живот, коњот му бил вратен на сопственикот.

Видеото од спасувањето ја објавило турското министерство за земјоделие и шумарство.

Покрај центри за спасени луѓе од под урнатините по катастрофалниот земјотрес, во градот Хатај е отворени се и полски болници за спасените животни.

Scroll to Top