(Видео) Спасени се две кози по поминати 26 дена под урнатините во Турција

Работници додека отстранувале остатоците од урнатините во селото Алчичек  во Турција слушнале звуци на животни, а потоа од под урнатините живи извлекле две кози кои биле затрупани таму повеќе од 26 дена, соопштил локалниот гувернер.

Во овој случај интервенирале венетеринарите, откако козите биле извлечени од под урнатините им била дадена вода и храна, а локалните власти се погрижиле за нив бидејќи нивните сопственици биле надвор од градот, соопшти агенцијата Анадолија.

Во турскиот град Хатај, кој беше еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреси на 6 февруари, беше извлечено куче 25 дена по земјотресот.

Како што утврдиле, кучето успеало да најде храна под урнатините, каде било затворено и на тој начин успеало да преживее.

Scroll to Top