(Видео) Србин со коефициент на интелегенција 203 изработил патенти за кои била заинтересирана и НАСА

Небојша Милошевиќ е Србин, кој потекнува од местото Мала Сугбина во подножјето на Трстеник. Тој има коефициент на интелегенција 203, а за неговите патенти некогаш биле заинтересирани и првите луѓе од НАСА. Денес неговите конструкторски решенија се користат и во „Мерцедес“.

Неговиот коефициент на интелегенција сè на сè е за 20 понизок од оној што го имал Никола Тесла. На 20 години веќе имал три патенти, а денес неговите конструкторски решенија се користат во производството на камионите на автомобилската компанија „Мерцедес“.

Го осмислил и менувачот за познатиот автомобил „југо 45“, а југословенските тенкови се напојуваа од неговата моќна турбина. Петпати успеал да ја зголеми силата на моторот на тенкот „91 вихор“.

Неговото ремек-дело е комбајн за собирање полен, но смислил и решение за мотор до кој дошла и самата НАСА. Последното негово остварување е холограмска антена, која може без грешка да ги открие тековите на водите, енергијата, па дури и карактерните особини на човекот.

Откако станал единствениот човек кој можел и умеел да произведе дел за моќна воена ракета, на крајот на минатиот век бил прогласен за технолошки вишок.

Небојша денес живее од мизерна пензија, петпати помала од националната пензија што ја имаат добиено одделни јавни личности во Србија.

Извор/Мондо.рс.

Scroll to Top