(Видео) „Стариот џумбушлија“ грмеше на плоштадот во Валандово: Ана Бекута крена на нозе и младо со безвременскиот хит

Српската пејачка Ана Бекута со безвременскиот хит „Стариот џумбушлија“ ги собра валандовчани на плоштадот во градот.

Пејачката беше најавена како специјална гостинка на втората предфестивалска вечер од традиционалниот „Фолк фест Валандово“. Таа во 1991 година на овој популарен фестивал за народна музика Бекута ја отпеа песната, чија музика и текст е на Петар Ѓорѓиев – Калица и аранжман на М. Божиновски.

И младо и старо ги пееше стиховите на „Стариот џумбушлија“, песна без која не поминува ниту една веселба. Расположена Бекута ја крена на нозе публиката која уживаше во секој еден рефрен додека таа беше на сцената.

Инаку Ана Бекута за оваа песна доби признание за најслушана песна во изминатите 20 години на просторот на Македонија.

Пред неа настапи и македонскиот фолк пејач Ефто Пупиновски, а кулминацијата беше со неговата „Туѓа си бескрајно“, а потоа се редеа познатите рефрени на Пупиновски кои публиката ги пееше во еден глас.

Настап на втората предфестивалска вечер имаа Робер и Панки, односно „Куку Леле“.

Дел од атмосферата во Валандово сподели и градоначалникот Перо Костадинов.

Фото: Фејсбук Перо Костадинов

Scroll to Top