(Видео) Странец му подарил на аутистично дете клавир откако го слушнал како свири

Бил Магнусон му подарил на 11 годишниот Џуф Кофи од САД, клавир од 15.000 долари откако го слушнал како свири. Џуф е аутистчно дете, но има голем талент за свирење. Песните кои ги слуша за брзо време ги запомнува и може да ги отсвири на овој инструмент.

Почнал да свири пред 2 години, кога нашол стара клавијатура во подрумот. Кога се појавил во емисија во една од локалните телевизиски куќи во Колорадо, неговиот талент го видел и Бил кој е експерт за клавири.

Тврди дека Кофи има талент како Моцарт, а инспириран од неговата приказна, му купил клавир и месечно почнал да му ги плаќа часовите.

„Клавирот му го купи странец кој никогаш претходно не го има запознаено. Едноставно се одлучи да му помогне. Кој денес дава нешто бесплатно? Ова е неверојатно“, рече таткото на Џуд, Исаја Кофи.

Scroll to Top