(Видео) Светскиот диџеј Тими Трампет со песната „Слушам кај шумат шумите“ ѝ честиташе Илинден на публиката на „Охрид колинг“

Светскиот диџеј Тими Трампет на „Охрид Колинг“, го честиташе празникот Илинден. Австралијанецот пред илјадниците фанови на стадионот „Билјанини извори“, го честиташе празникот со песната „Слушам кај шумат шумите“.

За потсетување, трите дена од спектаклот со најголемите светски и домашни имиња од диџеј сцената направија градот да се претвори во најдоброто место за ноќен живот и ова лето.

„Авалон“ продукција, кои се организатори на концертот и овојпат ги донесоа некои од светските артисти во Македонија и се погрижија за добра журка. Не беа заборавени ниту домашните артисти, како Delovski, дуото Cyrillic, Nicholas Adams.

Scroll to Top