(Видео) Танец растури со „Драчевка“ во Канада

Националниот ансамбл за македонски песни и ора „Танец“, по неколку години, пак е на турнеја во Канада и САД. Ансамблот веќе одржа неколку концерти, а публиката не остана рамнодушна. Растурија со „Драчевка“, беа одлични на „Тешкото“, а публиката секој настап го испрати со многу аплауз и силни овации.

Видеата и сликите од концертите од „Танец“ ги објавија на нивниот официјален Фејсбук. Фановите воодушевени велат дека одамна не уживале толку многу во некој настап.

„Едвај чекаме да дојдете пак, ова е мевлем и за очи и за уши“, пишуваат во коментарите.

Ансамблот веќе имаше четири концерти во Канада и еден во САД.

„Ова се мигови за вечно паметење. Незаборавен концерт. Ансамблот и публиката ги здружија енергиите и создадоа спомени за незаборав“, велат од „Танец“.

Scroll to Top