(Видео) Тиктокер од Америка го посети Скопје: пееше песна од Тоше и ги покажа дупките среде плоштад

Познатиот американски тиктокер Џастис Рид, како што вети пред неколку месеци, дека ќе се балканизира почна со реализација на идејата. По посетата на Србија и Босна и Херцеговина, тој сними видео од улицата Тоше Проески во Ново Лисиче.

Со гитара ја отсвире и ја отпеа „Игри без граници“ од Тоше со американски акцент.

„Ако сте од Македонија, оваа песна е за вас. Јас сум Американец“, вели Џастис во објавата.

Првата објава на тиктокерот беше од центарот на Скопје и градот го нарече „Градот на статуите“. Џастис ги покажа и недостатоците на главниот град. Дупките среде плоштад, и како што вели премногу статуи.

За да има поголема автентичност на видеото Американецот ја отпеа „Македонско девојче“.

Неодамна Џастис во тик ток објава најави посета на Балканот. Тој рече дека дал отказ од работа и ја продал куќата за ова патување.

Тиктокерот поодамна ја воодушеви македонската публика со видеата во кои пее македонски песни како „Јовано Јованке“ и песната „Црно и бело“ од Калиопи.

 

Scroll to Top