(Видео) Тим истражувачи објавија досега невидени снимки од „Титаник“

Тимот Ocean Gate Expeditioon објави досега невидени видеа од потонатиот брод „Титаник“. Истражителите за снимките велат дека се најквалитетни кои досега биле направени.

Тимот објави 8К видено снимка на „Јутјуб“, откривајќи го познатиот лак, сидро и други карактеристики на бродот.

„Еден од најневеројатните клипови прикажува еден од еден од единечните котли кои паднаа на дното на океанот, кога Титаник се скрши на два дела“, рече Рори Годен од OceanGate.

„Тоа е еден од единечните котли што првпат беше забележан кога беше идентификуван потонатиот брод Титаник во 1985 година“, додадена таа.

Титаник сега лежи на дното на океанот околу 4 километри под површината на Атланскиот океан. Тимот, на чело со пензионираниот офицер на американската морнарица и професор по океанографија, доктор Роберт Балард, го пронајде по 73 години, откако удри во леден брег.

На видеото кое го направи тимот од OceanGate може да се видат остатоците на бродот и брзината со која тој потонал во водата. Некои од карактеристиките на Титаник сè уште се препознатливи за луѓето ширум светот. Една од нив е и ознаката Noah Hingley & Sons, која е врежана на сидрото.

„Возбудливо е што по толку многу години, можеби откривме нов детал што не беше толку очигледен со претходните генерации на технологии за камера“, додаде Годен.

White Star Line удри во санта мраз од десната страна и отвори дупка, поради која беше поплавен бродот. Потона за помалку од три часа, а во несреќата животот го изгубија околу 1500 луѓе. Чамците за спасување ги немало во доволен број.

Бродот за кој се веруваше дека не може да потоне, стана предмет на срам откако потона на 15 април 1912 гдина и по 110 години остнаа познат како најголема трагедија. Режисерот Џејмс Камерон и сними филм во 1997 година за него.

Преживеаната ѕвезда Дороти Гибсон, тогаш имала само 22 години кога потонал бродот. Рече дека се сеќава на врисокот на патниците додека бродот тонел под брановите.

„Оддеднаш се слушаа гласови од бродот и забележав необичен метеж меѓу луѓето околу оградата. Тогаш се случи страшното, она што ќе ми остане во сеќавање до смртта. Никој не може да ги опише тие страшни звуци“, рече таа.

Scroll to Top