(Видео) Тинејџерка падна од зграда во Турција обидувајќи се да го фати телефонот

Турска тинејџерка паднала од зграда и починала додека се обидувала да го дофати телефонот.

Мелике Гун Канавузлар (15) го фрлила мобилниот телефон додека била на врв на зграда во градот Ортача во западната турска провинција Мугла, објавија локалните медиуми. Кога девојчето се обидело да го дофати телефонот во лет, изгубила рамнотежа и паднала на тротоар.

Вознемирувачката снимка од 11 секунди, снимена од безбедносните камери на соседните згради, прикажуваат случајна минувачка како оди по тротоарот пред зградата кога го видела мобилниот телефон што паднал на земја. Во моментот кога почнала да се доближува до апаратот, таа брзо се повлекла кога телото на Мелика удрило во бетонот.

Тинејџерката итно била пренесен во болница а нејзината здравствена состојба била критична, пред да биде префрлена на Одделот за интензивна нега. Мелике издржала  18 дена пред да им подлегне на повредите, таа била погребана на 30 октомври.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=84&v=mtlzy7v8yYc&feature=emb_title

 

Scroll to Top