(Видео) Црногорец на 88 години се запиша на факултет

Црногорецот Бранислав Радуловиќ на 88 години се запиша на Машинскиот факултет во Подгорица, а ќе студира Патен сообраќај. 34 години откако заминал во пензија, тој решил повторно да се врати на студиите. Вели, за оваа одлука го мотивирала неговата внука, која неодамна докторирала право во Белград.

„Сакам да докажам дека ние старите не сме за фрлање, дека во нас има потенцијал кој може да се искористи“, рекол Бранислав за РТЦГ.

Тој додал дека младите му даваат сила и волја да истрае што подолго во напорите да ги заврши студиите.

„Така ги собирам моите и нивните години и ги делам, па и јас сум млад како нив. Не можам да се пофалам со некои добри резултати на факултет. Ниту сум меѓу најлошите, ниту меѓу најдобрите, златна средина“, рекол Радуловиќ.

Тој живее на 15 километри од Подгорица и секој ден вози во двата правци за да стигне на факултет.

Татко е на четири деца, еден син и три ќерки, а дедо на седум внуци и една внука.

Scroll to Top