(Видео) Туристи настрадаа додека летаа со балон во Мексико

Туристи настрадаа додека летаа со балон во Мексико. Балонот на жежок воздух се запали додека леташе над древниот астетски град Теотивакан во Мексико. Според информациите кои ги пренесоа тамошните медиуми, во несреќата настрадале две лица.

На социјалните мрежи се споделува и видео од несреќата. Во него се гледа како балонот гори на некои 100 метри надморска височина. Туристи го снимиле со телефони, а на некои од видеата се гледа како едно лице излегува од корпата обидувајќи се да се спаси. Се чини дека во неа има уште едно.

Трагедијата се случила во близина на познатата пирамида на сонцето. Брзо по срушењето на балонот, пожарникари и полиција се упатиле на местото на несреќата.

Scroll to Top