Турските спасувачки тимови извлекоа 77 годишна баба, која по земјотресот поминала 212 часа под урнатините во градот Адијаман. Медиумите во Турција пренесоа дека Фатма Гунгор е извлечена од под урнатините од седумкатна зграда, во ноќта меѓу понеделникот и вторникот.
Спасувачите и дадоа маска за кислород, ја покрија со ќебе и на носилки ја однесоа во итната помош. Нејзиното семејство им се заблагодари на спасувачкиот тим, воениот персонал и органите за управување со катастрофи кои учествувале во акцијата на спасување.