(Видео) Турските спасувачи извлекоа баба која под урнатините поминала 212 часа,

Турските спасувачки тимови извлекоа 77 годишна баба, која по земјотресот поминала 212 часа под урнатините во градот Адијаман. Медиумите во Турција пренесоа дека Фатма Гунгор е извлечена од под урнатините од седумкатна зграда, во ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

Спасувачите и дадоа маска за кислород, ја покрија со ќебе и на носилки ја однесоа во итната помош. Нејзиното семејство им се заблагодари на спасувачкиот тим, воениот персонал и органите за управување со катастрофи кои учествувале во акцијата на спасување.

Scroll to Top