(Видео) Ученици од Скопје со македонски ора и песни ги освоија симпатиите на италијанската публика

Ученици од основното училиште „Кузман Јосифовски -Питу“ од Скопје настапија на 11. Интернационален фестивал на народни песни и ора „Перетстави ја својата традиција“, во Монтекатини Терме, Италија.

Музичката експедиција од Македонија составена од хорот и оркестарот била предводена од наставничката по музичко образование, Вера Ангеловскка.

Изведбите на македонски обичаи и народни песни биле наградени со голем аплауз од присутната публика на плоштадот во Монтекатини Терме. Мештаните на италијанскиот град, како и туристите, за време на парадата на македонските учесници на официјалното отварање, довикувале „Мачедоне, Мачедоне”.

Овој настан го посетиле и Македонци кои живеат во околните градови и кои заедно со хорот и оркестарот во еден глас ги пееле “Македонско девојче”  и “Јовано Јованке”.

Македонскиот хор и оркестар ќе има уште еден настап на овој фестивал, заедно со другите учесници од Бугарија – четири различни музички групи, две од Литванија, по една од Полска, Турција, Словачка, Израел, Естонија и Ирска.

Scroll to Top