Учесник во шпанското шоу „Големиот брат“, емитувано во 2017 година е осуден на 15 месеци затвор за силување. Хозе Марио Лопез, на една од журките на која се испило многу алкохол, ја силувал Карлота Прадо додека била без свест.
Судењето почнало пред шест години, откако Прадо година дена подоцна случајот го пријавила во полиција. Тогаш се појавија информации дека продукцијата на Прадо и покажале видео од силувањето и ја советувале да молчи за инцидентот.
По голем број одложувања, судењето конечно било одржано, а Лопез е осуден на 15 месеци затвор. Иако двојката во тоа време биле во врска, во судот е прикажано видео на кое се слуша Карлота, која иако била пијана, вели дека несака да има секс со Хозе. Тој сеедно продолжил.
Продукцијата тврди дека реагирале откако сватиле дека девојката била во несвесна состојба. Шпанските медиуми пренесоа дека во некои од случаите, во кои осудените добиваат казна помала од две години затвор, дел од нив не завршуваат во затвор, туку во домашен притвор.
На Хозе му е забрането да има каков било контакт со жртвата во период од четити години и дека ќе мора да ѝ плати 6000 евра. Продукцијата ќе мора да плати казна затоа што не и дала доволна поддршка на жртвата, но не е откриено за колкава сума пари станува збор.