На интернет се појави видео од Широки Бријег, Босна и Херцеговина на кое момче со Даунов синдром седи во холот на една градинката, додека во позадина се слушаат други деца кои учествуваат на божиќната манифестација.
„Додека другите деца пеат на сцената, Јаков игра на клупата и чека да заврши, значи се работело со него, од која причина не можел да излезе на сцената и зошто бил отстранет од неа? – Кога ја прашав директорката зошто Јаков не учествува, таа рече: „Госпоѓо, ако не ви се допаѓа, има уште 10 градинки, слободно одете! Одиме, се разбира, но нема да молчиме и да ставаме се под тепих, никој не го заслужува тоа, а најмалку 5-годишно дете“, напишала мајката на Јаков.
View this post on Instagram
Мајката на Јаков претходно објави видео на кое се гледа како вработена во градинката го трга момчето од бината, додека останатите деца настапуваат.
View this post on Instagram