(Видео) Украинска снајперистка и војник правеа свадба во шума во Харков

Украинката Евгенија Емералд која на воениот фронт е позната снајперистка, се венчаше со сопругот Евгениј Стипањук во регионот Харков, на денот на роденденот на нејзиниот сопруг и Денот на бранителите.

Евгенија и Евгениј се припадници на вооружените сили во Украина, а свадбената церемонија ја направиле во шумата, на првата линија на одбраната. Единствени гости биле војниците, а ги венчал неименуван генерал. Невестата била облечена во бел венчален фустан со деколте, а како букет во раката носела пченица, додека нејзиниот  сопругот бил во војничка униформа.

Фотографиите од нивната венчавка се појавија на социјалните мрежи, а невестата објави неколку фотографии од нивната невообичаена свадбена фотосесија.  

“Денес официјално станав сопруга на војник. Не можев да замислам поидеална свадба. Ова е посебен ден“, напишала Емералд на Инстаграм.

Таа опишува дека самиот чин на стапување во брак бил скромен, брз и во воена средина.

На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека Евгенија до почетокот на руската инвазија на Украина била обична девојка, се занимавала со накит, секогаш средена, а потоа со првиот ден од инвазијата се се сменило.

Таа веќе на првиот ден од војната позирала со оружје во кујната и напишала дека има намера да остане во Украина и да се бори и дека не ги поддржува оние кои ги спакувале куферите со првите гранати и побегнале.

Како што пишува „The Odessa Journal“, Евгениј и Евгенија се запознале на бојното поле, а веќе во август ја објавиле свршувачката. Евгенија објави и видео од нивната венчавка.

Scroll to Top