Миша Варвариќ е украински војник кој минатата пролет ги загуби двете нозе и ја повреди раката кога налета на мина за време на борбената мисија во регионот на Луганск, по што отиде во Орландо со неговата девојка Ира Ботвинска за да му постават протетика.
Миша неодамна реши да ја запроси својата девојка, а на социјалните мрежи се појави видео од емотивниот момент.
Меѓу оние кои го споделија видеото е и украинската активистка Олена Халушка, која на својот Твитер профил објави порака.
„Љубовта ќе победи, Украина ќе победи. Нашиот бранител, падобранец, ја запроси својата девојка. Таа му помогна во најтешките моменти. Минатиот јуни тој ги загуби двете нозе. Тие се вистинска инспирација”, напиша таа во објавата, што собра речиси половина милион прегледи.
The love will prevail, Ukraine will prevail! Our defender, a paratrooper proposed to his girlfriend. She helped him through the hardest times. Last June he lost both legs in action. They are the real inspiration
Video:_botvinska_, misha__17.11, Instagram, h/t ShoTam pic.twitter.com/TKjyERPRsX— Olena Halushka (@OlenaHalushka) April 19, 2023
View this post on Instagram