(Видео) Улични кучиња нападнаа четиригодишно дете во Индија, властите без решение за деценискиот проблем

Кучиња скитници нападнаа четиригодишно дете во градот Хајдерабад во Индија. Инцидентот се случил во февруари, а видеото кое било снимено од една од безбедносните камери околу зградите, сега е објавена на „Твитер“. Детето се обиде да побегне, но едно од кучињата го собори на земја.

Засега не е потврден индентитетот на жртвата. Локалните медиуми пренесоа дека неговиот татко бил во близина, но додека стигнал да направи било што, било предоцна. Детето откако било однесено во болница, лекарите само го прогласиле за мртво.

Голем број од луѓето во Индија, го покренаа прашањето за уличните кучиња. Станува збор за чувствително прашање затоа што во Индија постои вкоренето почитување на животните и аверзија кон нивно убивање. Повеќето се согласуваат дека кучињата скитници се проблем, но постои жестока дебата за тоа како е најдобро да се реагира.

Според Press Trus of India во земјата има околу 62 милиони кучиња скитници, иако експертите велат дека вистинскиот број е невозможно да се утврди. Повеќето од животните живеат во хармонија со луѓето. Често жителите во затворените населби ги собираат да ги хранат, а некои од нив ги чуваат како домашни миленици.

Но, со текот на годините, каснувањата и убиствата на кучињата скитници доведоа во неволја многу градови, а политичарите, медиумите и граѓаните се обидуваат да дојдат до различни решенија.

Долго време пред смртта на четиригодишното момче во Хајдерабад да се најде на насловните страни, локалните медиуми објавија слични стории за индиските кучиња убијци, приказни кои потоа честопати ги пренесуваат светските медиуми.

Извор: Си-ен-ен

Scroll to Top