Бебе старо само два месеци, преживеало 107 часа под урнатините во Турција. Министерот за здравство Фахретин Коца рече дека бебето поминало 107 часа под урнатините во покраината Хатај.
Според подружницата на „Си-ен-ен“ во Турција, „Си-ен-ен Турк“, било пренесено во градската болница во Адана и засега е во добра состојба. Од таму велат дека чудо е како преживеало иако со часови било гладно. Турската државна телевизија рече дека и живо и покрај макотрпните напори да се спаси.
За потсетување, претходно едногодишно бебе беше извлечено од урнатините по силниот земјотрес кој ја погоди Турција, а исто така беше спасено и бебе од Сирија, кое подоцна го посвои братучед на мајка му.
Hatay’da enkaz altından 107. saatte kurtarılan, saatler süren açlığına rağmen hayatta kalan, tüm Türkiye’nin ekranlardan tanıyıp bağrına bastığı bebeğimiz Adana Şehir Hastanesinde ve sağlık durumu gayet iyi. pic.twitter.com/UotsJFwJAI
— Dr. Fahrettin Koca (@drfahrettinkoca) February 12, 2023
Бебето што се роди во урнатините во Сирија го посвои братучед на мајка му