(Видео) Верверичката од „Ледено доба“ конечно ќе го изеде желадот

Верверичката Скрат во новото продолжение на култната анимирана серија „Ледено доба“ конечно ќе може да го дофати желадот и да го изеде. Во оваа мисија верверичката конечно ќе успее, благодарение на креаторите на анимираната серија.

На видеото кое се појави на Јутјуб со наслов „Крај“ се гледа како Скрат конечно го јаде желадот кој постојано му бегаше во 5 -те досегашни продолженија. Во соопштението се вели: „Во последните денови на студиото Блу Скај се собра мал тим од уметници за да го направи ова видео. Ова е нашето збогување, поздрав според наши услови.“

Scroll to Top