(Видео) Виетнамец тврди дека не спиел 60 години

Осумдесетгодишниот Тај Нгоц од едно мало село на југот на Виетнам, тврди дека не спиел шест децении. Не спиел од 1962 година, кога бил тинејџер, за време на Виетнамската војна. Рече дека едноставно престанал да спие, а на почетокот мислел дека тоа е минлива фаза.

Иако за повеќето од нас е тешко да се замисли животот без сон, Нгоц тврди дека најблиску до спиење му е кога ќе испие малку повеќе од домашното вино од ориз. Но и тогаш лежи ѝ одмара, но не спиве. Тврди дека несоницата не влијаела на неговото здравје или на способноста да функционира нормално.

Повеќето од нас би ја поврзале несоницата со сериозни здравствени проблеми. Експертите предупредуваат дека долгорочниот недостаток на сон може да доведе до бројни болести, вклучувајќи деменција, висок крвен притисок и депресија. Но, Нгоц е сè уште сосема здрав.

Лекарите сепак се сомневаат во ова тврдење. Некои веруваат дека е можно Нгоц да доживее кратки периоди на спиење, но едноставно не е свесен за тоа.

Scroll to Top