Фудбалерите на српскиот клуб ТСЦ, Горан Антониќ, Јосип Чалушиќ, Ненад Филиповиќ, Мартин Мирчевски и Ифет Џаковац, спречија да дојде до поголема несреќа на патот од Суботица до Бачка Топола на кој се случи верижен судар во кој учествуваа 14 автомобили.
Тие застанле и брзо го преместиле својот автомобил, па ги алармирале другите возачи да застанат како се наближувале кон местото на несреќата.
Сударот се случи откако возачите изгубија преглед на патот од силниот ветер кој од песокот и ситната прашина создаде песочна бура. Колку сударот бил опасен може да се види и на видеото кое го објави еден од возачите на патот, во моментот кога на него налетува друг автомобил
Горан, Јосип, Ненад, Мартин и Ифет се враќале од тренинг кога се случила несреќата. Велат дека потсетувала на сцени од хорор филм.
„Се враќавме од тренинг кога во близина на Суботица од силниот ветер од земјата на нивните покрај патот се крена облак прашина. Толку беше густ што иако ја намаливме брзината, за малку и ние ќе се удревме. Низ облакот се обидовме да се пробиеме на другата страна на патот, кога камион налета на еден од автомобилите кој се наоѓаше на средината на патот. Тогаш за да се тргнеме се симнавме во каналот покрај патот и се пробивме на другата страна, на делот каде видливоста беше добра и од каде забележавме други автомобили како се доближуваат, а не беа свесни дека пред нив има судар. Истрчавме на патот да ги запреме. Потоа викнавме итна помош, пожарникари и полиција. Се вративме до местото и ги прашувавме луѓето дали се добро и ги смирувавме дека за брзо ќе дојде итната помош“, рече капитенот Горан Анотниќ.
[/video]