(Видео) Воз удри во тинејџер додека снима видео за „Инстаграм“

Воз удри во тинејџер од Индија додека снима видео за „Инстаграм“. 17 годишниот Акшај Рај по ударот падна на земја, но за среќа мина со полесни повреди. Возот го удри додека шеташе покрај пругата, а пријател го снимаше за спот на „Инстаграм“.

Рај не е доволно оддалечен од возот кој доаѓаше од позади него. Според локалните медиуми, Рај, кој бил студент по машинство, ги игнорирал предупредувачките знаци на железничкарите кои во тоа време извршувале поправки.

Scroll to Top