(Видео) Зар Тајван не е дел од Кина, ги праша Меси граничарите откако го задржале на пасошка контрола на аеродром во Пекинг

Еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси, се нашол во непријатна ситуација на аеродром во Пекинг, откако наместо аргентинскиот, го покажал шпанскиот пасош.

Летот се одвивал според планот, но Меси наишол на проблеми за време на пасошката контрола. Тамошните медиуми пренесоа дека Меси мислел дека можел да влезе во земјата со шпанскиот пасош, бидејќи Шпанците можат да влезат во Тајван без виза.

„Дали Тајван не е дел од Кина?“, ги прашал Меси граничарите.

Меси во Кина минатиот месец беше заедно со неговите колеги од репрезентацијата на Аргентина, каде ќе играше натпревари против Австралиај и Индонезија. За време на пасошката контрола друштво му правел неговиот соиграч Анхел Ди Марија.

Scroll to Top