(Видео) Здраво Чолиќ му бакна рака на Џаро среде настап во Битола

Српскиот пејач Здравко Чолиќ синоќа имаше настап во Битола. Таму во први редови беше и Велибор Џаровски Џаро, кој важи за најпознатиот менаџер на поранешните ју простори но и прв менаџер на Чолиќ.

Чолиќ додека беше качен на бина му пријде на Џаро и му ја бакна раката, му се поклони и на микрофон кажа дека тој е неговиот прв менаџер.

„Вечерва со нас е мојот драг пријател и менаџер Велибор Џаровски Џаро. Еден аплауз за нашиот Џаро, југословенскиот менаџер“, рече пејачот.

Џаро е познат и како крал на местенките во поранешна Југославија и јавно зборува како наместил 80 фудбалски натпревари од југословенската фудбалскаy лига.

Тој е познат и како менаџер на Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, Бјело Дугме и други естрадни ѕвезди.

Scroll to Top