Патничка се обидела да се качи на авион со змија во куферот, пренесоа американските медиуми. Пред да летне за Флорида на обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Тампа им рекла дека сака да ја третираат како нејзино милениче, пренесе „УСА Денес“.
„Нашите службеници не беа хистерични. Немаме дополнителна постапка за да можеме да откриеме миленик во торбите, но сепак успеавме да ја видиме змијата на снимката од рендгенот. Беше голема четири метри“, објавија од авиокомпанијата „ТСА“.
За потсетување, според прописите на некои авиокомпании, постои процедура која дозволува само во ретки случаи, патниците со себе да имаат куче или мачка како емоционална поддршка.
Можат да ги носат со себе само доколку доколку постои потреба за такво нешто. Но, змиите не се на оваа листа на ниту една од патничките компании.
View this post on Instagram