(Видео) Жена заспала зад воланот додека вози на автопат

Жена била видена како спие зад воланот во својата „Тесла“ автомобил додека вози на автопат во Јужна Калифорнија. Еден од возачите кои поминал покрај неа ја снимил. Видеото е направено на автопатот 15 во близина на градот Темекул. Кики Долас и нејзиниот партнер додека се враќале дома во Лас Вегас ја виделе како спие додека нејзиниот автомобил вози во една од лентите, пренесе KTLA5.

„Партнерот се подготвуваше да смени лента. Мислам дека таа спиеше кога ја видов. Автомобилот само не помина“, рече жената и додаде дека кога ја стигнале безуспешно се обиделе да ја разбудат свирејќи ѝ. На крајот повикале итна помош и го пријавиле инцидентот, пренесе N1.

„Имаше очила за сонце. Почнавме да и свириме за да и го привлечеме вниманието. Можеби беше во прашање здравствен проблем. Не бев сигурна. Сообраќајот беше густ, па повикавме итна помош“, додаде таа.

Ова не е прв ваков инцидент кој е снимен со камера. Во 2019 година, возач кој заспал исто така беше снимен на автопатот 5 во Санта Кларита.

„Ова е провизаконско и возачите мораат да сватат дека мора да бидат будни, свесни и трезни за да имаат контрола над автомобилот“, рече полицаецот Мајк Ласиг од Темекула.

Од компанијата „Тесла“ во моментов се соочуваат со повеќекратни истраги од американската Национална управа за безбедност во сообраќајот поради проблемите со автопилот и самостојното возење.

На нивната веб страна се оградува и објаснија дека автомобилот не може во целост самиот да се управува. Компанијата користи Full Self-Driving и автомобилите можат да се движат сами во голем број случаи, но експертите велат дека системот може да погреши, нешто што го признава и самиот извршен директор Илон Маск.

„Не велиме дека е сосема подготвен да вози без никој да биде зад воланот“, рече Маск во октомври минатата година.

Scroll to Top