(Видео) Жената која го гушна Меси не е мајка му, туку готвачката на Аргентина

Жената која го гушна Меси на крајот од натпреварот со Франција, не е мајка му, туку готвачката на Аргентина Антонија Фараис.

Додека Меси славеше со соиграчите, жена која многу личи на мајка му излезе на теренот и го гушна. Медиумите пренесоа дека станува збор за мајка му, Селија Марија Кучитина.

Но, жената која го гушна е говачката на репрезентацијата на Аргентина, која е многу блиска со капитенот на Аргентина. Двајцата соработуваат повеќе од една деценија, а за Фараис велат дека е клучен член во аргентинската репрезентација.


Постојано патува со фудбалерите и е на секој натпревар со нив. Беше дел од аргентинската делегација за време на Копа Америка во Бразил и во Ла Финалисима. Позната е по нејзините вкусни специјалитети кои ги обожаваат сите во репрезентацијата на Аргентина.

Мајка му на Меси, како и остатокот од семејството за време на финалето носеше темно син дрес, а дури подоцна се приклучи на прославата на Аргентинците.

Scroll to Top