Викенд-хороскоп за 15 и 16 октомври: Овенот е одлично расположен, Лавот ќе се посвети на семејството

Овен

Месечината е во Близнаци и ви носи одлично расположение. Немојте да се затворате дома, туку поминете го своето слободно време со оние што ви значат. Време е и за романса. Сабота наутро конјункцијата меѓу Марс и Месечината ве исполнува со моќна енергија. Насочете ја својата енергија на мудар начин, искористете го овој поволен транзит. В недела Месечината преминува во Рак и ве насочува кон домот и семејството.

Бик

Месечината во Близнаци е во тригон со вашата владејачка планета Венера во Вага. Ова ќе ви помогне да блеснете во својот сјај насекаде, а особено на вашето работно место. В сабота ни доаѓа конјункцијата на Марс со Месечината во вашиот сектор на финансии, така што важно е да внимавате колку трошите. Подоцна во текот на денот Месечината во Рак е во квадрат со Јупитер и бара од вас дополнително да внимавате на финансиите.

Близнаци

Месечината во Близнаци е во тригон со Сонцето, Меркур и Венера зголемувајќи ги вашата самодоверба и личната моќ. Во текот на овој ден буквално можете да постигнете што и да посакате. Конјункцијата на Месечината со Марс в сабота наутро ви носи лидерство бидејќи ви доаѓа таква енергија која особено ќе биде изразена во комуникација со другите. Месечината е во Рак до крајот на викендот. Тоа ја нагласува вашата потреба за сигурност. Бидете само внимателни со своите финансии.

Рак

Месечината во Близнаци минува низ вашата дванаесетта куќа на мистериозност и духовност, така што важно е да се посветите на својата интуиција и да обрнете внимание на она што го сонувате. Сабота е ден за дома и некои важни активности во домот, а в недела Месечината преминува во вашиот знак и ви носи посветеност на себе. Бидете нежни и добри кон себе.

Лав

Повеќе ќе се посветите на семејството и ќе ви биде важно да бидете со нив и да им дадете поддршка. Тригонот на Венера и Сонцето во вашата зона на комуникација и врски в сабота ви носи приоритет на другите и од вас бара да поминете време забавувајќи се и опуштајќи се целосно. В недела Месечината преминува во Рак и од вас бара да најдете време за себе и за добар одмор.

Девица

Месечината е во Девица во тригон со Сатурн, Венера и Сонцето. Ова е одлично за вашата кариера и финансии, иако конјункцијата на Месечината со Марс в сабота наутро значи дека ќе морате да трошите внимателно. В недела Месечината преминува во Рак и ве повикува да поминете време со своите пријатели.

Вага

Авантурата ви ѕвони на врата додека Месечината во Близнаци ја осветлува вашата деветта куќа, со поддршка на Венера и Сонцето во Вага. Ако не можете да ги спакувате куферите и да тргнете на патување, секако можете да испланирате нешто или, пак, да се едуцирате за нови места. Тригонот меѓу Месечината и Сатурн ви помага во логистиката. Не преземајте товар за нешто што не можете да го исполните до крај. Конјункцијата на Месечината и Марс од вас бара да бидете практични.

Шкорпија

Романтиката чука на врата додека Месечината е во Близнаци осветлувајќи го вашиот сектор на интимноста. Испланирајте љубовен состанок и препуштете ѝ се на интимноста. Нема да бидете разочарани. В недела Месечината е во Рак и ве поттикнува да излезете меѓу луѓето, каде што ќе уживате во нови нешта.

Стрелец

Месечината во Близнаци го осветлува вашиот сектор на партнерства, што е во склад со романтичната Венера, Сонцето и Сатурн. Испланирајте излегување и дотерајте се бидејќи ќе бидете расположени за тоа. Јупитер е во квадрат со Месечината во Рак в недела. Се враќа позитивната енергија и ќе бидете исполнети со ентузијазам и добра волја.

Јарец

Добивате можност да имате победнички танц додека Месечината во Близнаци го осветлува вашиот сектор на вработување и ви носи убави вести. В сабота конјункцијата меѓу Марс и Месечината може да го намали вашиот професионален ангажман и да ви помогне да одморите. За среќа, Месечината во Рак стигнува навреме и ви помага да се смирите и да одморите добро. Дури и квадратот меѓу Јупитер и Месечината ве насочува кон домот и топлината во него.

Водолија

Месечината во Близнаци ве инспирира да бидете романтични. Поканете ја личноста што ви се допаѓа на љубовен состанок и верувајте дека ќе си поминете одлично. Ако сте во врска, посветете ја вечерта на вашата сакана личност. Само осигурајте се да не гледате преку розови очила и да ги прочитате сигналите. В недела Месечината во Рак е во вашиот сектор на здравје и добросостојба и ве повикува да се грижите за себеси, да се опуштите и да уживате во заслужениот одмор.

Риби

Месечината во Близнаци е во тригон со Венера, Сонцето и Сатурн и ви носи одлична енергија во вашиот дом и семеен сектор. В сабота наутро конјункцијата на Месечината и Марс ве буди рано да ги почнете важните активности и да се чувствувате продуктивно. Не претерувајте, завршете го она што е неопходно. В сабота и в недела Месечината во Рак ве прави креативни, искористете го тоа.

Scroll to Top