Викенд хороскоп за 19 и 20 ноември: Убави денови за рибите, конфликт за близанците

Овен

Вашата владејачка планета Марс прави квадрат со Месечината во знакот Девица и тоа може да ви донесе нетрпение и чувство на нервоза. Проблемите во сообраќајот и доцнењата ќе ве нервираат повеќе од вообичаено. Но, за среќа, опозицијата на Месечината со Нептун ви помага да останете смирени и спокојни. Овој транзит ќе ви донесе полесна енергија па во текот на саботното попладне ќе можете да се опуштите. Кога Месечината ќе премине во Вага ви носи можност за убав љубовен состанок. Во недела ви доаѓа одлична енергија благодарение на тригонот на Месечината, Марс и Сатурн.

Бик

Месечината во Девица ја осветлува вашата креативност. Во меѓувреме, Месечевиот тригон со Уран и опозицијата со Нептун ви носат инспирација, поттикнувајќи и нови и смели идеи. Во сабота попладне, Месечината преминува во Вага и ве поттикнува да се грижите за себеси. Крајот на викендот ви носи оптимизам, добра волја и добри пријателства.

Близнаци

Практичната Месечина во Девица го осветлува вашиот дом и семејство, а нејзиниот квадрат со Марс создава напнатост на ова поле. Можни се мали конфликти и непријатни ситуации. Во сабота и недела, Месечината во Вага ја осветлува романсата во вашата натална карта, а секстилот со вашата владејачка планета Меркур и Венера ви носи убава енергија и одличен однос со саканата личност.

Рак

Би можеле да се соочите со непријатно чувство поради влијанието на квадратот на Месечината во Девица со огнениот Марс. Одвојте време за себе и пробајте да бидете сами. Во сабота и недела, Месечината во Вага го осветлува вашиот дом, потсетувајќи ве каде е најсреќно вашето срце.

Лав

Треба да внимавате на своите финансии поради квадратот на Марс и Месечината. Не носете итни одлуки и да делувате импулсивно. За среќа, сабота наутро, тригонот на Месечината со Плутон ви носи можност да постигнете некои од вашите долгорочни цели. Месечината во Вага во сабота и недела ве насочува кон она што ви е најважно.

Девица

Месечината во вашиот знак може да влијае на вашата самодоверба и да ве поттикне да бидете храбри и самоуверени, но бидете внимателни со фрустрацијата која би можеле да ја почувствувате на полето на кариерата. Побарајте совет од саканите. Во сабота и недела, Месечината во Вага ве насочува кон финансиите. Во меѓувреме, секстилот на Месечината кон Марс и Сатурн ви носи успех и напредок.

Вага

Месечината во Девица е во квадратот со Сатурн, а тоа ве прави напнати. Ќе морате да се смирите и да ги надминете овие предизвици. Не дозволувајте ништо да ви го наруши денот. Наместо тоа, потпрете се на смирената и позитивна енергија која ја генерира опозицијата на Месечината со Нептун. Тоа нека ве носи напред. Во сабота и недела, Месечината е во вашиот знак и ја зголемува вашата самодоверба и ве става во центарот на вниманието. Во недела, тригонот на Сонцето и Јупитер ви носи позитивно расположение и перспектива.

Шкорпија

Месечината во Девица го нагласува вашето пријателство, но квадратот на Марс и Месечината ве прави нетрпеливи. Бидете внимателни. Во сабота е одличен ден за да се соберете со пријателите и семејството. Во сабота и недела, Месечината преминува во нежната Вага и ве поттикнува да се свртите кон себеси и да се посветите на она што ви го грее срцето. Викендот ќе го завршите среќни и оптимистични.

Стрелец

Месечината е во Девица и ве насочува кон кариерата, каде би можеле да се соочите со незадоволство. Пробајте да се оттргнете од конфликтите и да не се занимавате со нешто негативно. Тригонот меѓу Плутон и Месечината во вашиот сектор на финансии ви помага да нурнете во вашата свест и да го подобрите односот кон финансиите. Во сабота и недела, Месечината во Вага го осветлува вашиот друштвен ангажман и ви носи одлични мигови со пријателите.

Јарец

Ќе ви годи да поминете време на отворено или да отпатувате некаде. Ќе бидете расположени за авантура и нема да ви одговара долгото седење во канцеларија. Денеска имате потреба да се активирате и да пробате нешто предизвикувачко. Но, ако почувствувате негативни импулси, длабоко вдишете и најдете го мирот во себе. Во сабота и недела, Месечината во Вага ве поттикнува да обрнете внимание на важните луѓе околу вас.

Водолија

Ќе се чувствувате инспирирани за нови проекти. Ако чувствувате мало незадоволство поради квадратот Марс и Месечината, пробајте да се фокусирате на она што го знаете најдобро. Во сабота и недела, Месечината е во Вага и ве поврзува со луѓето околу вас. Во меѓувреме, секстилот на Месечината, Венера и Меркур ви носи убава енергија. Викендот ќе го завршите со оптимизам и добро расположение.

Риби

Тригонот на Месечината и Уран прави да бидете креативни и продуктивни во текот на овој викенд. Имате можност да создадете важни потфати и да бидете успешни во тоа. Но, внимавајте на конфликтите со другите и непромисленото трошење пари. Сабота е ден кога Месечината преминува во Вага, а љубовта ќе биде во центарот на вашето внимание.

Scroll to Top