Викенд хороскоп за 29 и 30 октомври: Рибата ќе има средба со личност од минатото, професионален успех за Јарецот

Овен
Во сабота, можно е да имате чувство дека сте изолирани од другите, па затоа важно е да задржите мирен поглед на светот, без да анализирате премногу. Во недела, изложете на нови искуства, без страв од непознатото.

Бик
Во сабота повеќе време ќе минувате со своите пријатели и ќе ви биде пријатно во нивно друштво. Имавте тешка недела, па ова е повеќе од добредојдено. Во недела ќе имате чувство како да сте повредени, но колку и да е тешко, потрудете се да го најдете подлабокот значење на таквото искуство за да можете да се исцелите.

Близнаци
Можеби сте лути сами на себе бидејќи сте купиле нешто што воопшто не ви е потребно, или пак ќе донесете некоја импулсивна одлука за која можеби ќе се каете. Не брзајте и потрудете се добро да размислите.  Во недела ќе посакате да поминете време со семејството, но важно е да не дозволите нивните ставови и верувања да влијаат на тоа како живеете. Следете го својот пат.

Рак
Потрудете се оваа сабота да се дружите со луѓе кои ви помагаат да се чувствувате добро, но важно е да го држите своето его настрана. Во недела ќе посакате сами да уживате во денот. Тоа ќе ви дојде добро да се одморите и да ги наполните батериите.

Лав
Во сабота, овој период е одличен за односите на работното место, но ви помага и да се опуштите. Ќе се чувствувате одлично. Во недела, ќе почувствувате дека сте околу личност која е љубоморна. Поставете ги своите граници.

Девица
Во сабота, своите идеи ќе успеете да ги имплементирате во целост. Тоа ќе ви донесе самодоверба. Во недела, ќе имате моменти на соочување со некои ситуации и грижи од минатото. Пробајте да ги насочите своите мисли на нешто друго.

Вага
Во сабота, ќе се почувствувате како да не сте ускладени со своите пријатели. Вие можеби ќе преферирате да се опуштите, а тие ќе сакаат луда забава. Пробајте да се договорите. Во недела, за Вагите започнува период на професионално истражување. Имајте ги предвид своите можности и прифатете го она што доаѓа.

Шкорпија
Во сабота, јасно ќе им дадете до знаење на другите дека нема да ја толерирате емоционалната уцена. Ако сте на работа и работите со финансии, обрнете внимание на тоа. Во недела, време е да запознаете нови луѓе. Тоа ќе ви дојде одлично.

Стрелец
Во сабота, комуникацијата станува сериозна. Ослободете се од старите предмети кои ве врзуваат со минатото и ви го затрпуваат домот. Во последниот ден од викендот, ќе бидете почувствителни и слушнете ја својата интуиција.

Јарец
Во сабота, изненадувачки ќе го добиете она што го барате и тоа од неочекувани извори. Тоа ќе ви помогне да го подобрите својот професионален статус. Во недела, комуникацијата може да ви биде потешка со останатите.

Водолија
Во сабота ве очекува подобрување, а некои Водолии ги очекува и некакво признание во работата. Ќе бидете особено креативни. Во недела, внимавајте вашите лични проблеми да не се прелијат во останатите аспекти од вашето живеење. Дајте си себеси одмор.

Риби
Во сабота, ќе се посветите на своите лични карактеристики и ќе се трудите да бидете искрени кон другите луѓе. Во недела, можно е повторно воспоставување комуникација или некаков однос со личност од минатото. Ова е момент кога таа личност ќе успеете да ја согледате со други очи.

Scroll to Top