Овен
Ако имате нешто што ви тежи, ова е добар викенд да се ослободите од таквите емоции. Важно е да бидете отворени и да верувате, но и да им посветите значајно време на своите блиски. Енергијата од полната Месечина ви носи добро расположение и надеж за подобри нешта. Можни се и нови почетоци. Ако прифатите дека ви се потребни промени, сè е возможно. Слободните овни не треба да минуваат време со оние луѓе кои не им одговараат, туку да се посветат на оние луѓе кои имаат вистински потенцијал.
Бик
Одредени нешта би можеле да се одвиваат поинаку од вашите очекувања, а ако тоа се случи, ослободете се од направените планови. Ќе биде важно да направите голем напор за да ја видите убавата страна на секоја ситуација. Ако сте во врска, добро би било да ја проверите саканата личност. Доаѓа силна енергија од полната Месечина на која треба да обрнете внимание. За слободните бикови, ако сте запознале посебна личност во текот на изминатиот период, сега е време да се посветите на нешто посериозно. Енергијата од оваа полна Месечина ќе ви донесе јаснотија.
Близнаци
Ако бевте зафатени во претходниот период, важно е да одлучите да бидете малку сами овој викенд и да ги наполните батериите. Не се плашете да откажете некои планови за да ја зачувате и заштитите својата енергија. Ако имате некои теми за кои сакате да поразговарате со другите, овој викенд не е најдобар за тоа. Слободните близнаци треба да го отворат своето срце кон нови личности, ако посакуваат да најдат љубов. Енергијата на полната Месечина има позитивен ефект на вашето расположение.
Рак
Со оглед на тоа дека Месечината е ваша владетелка, обрнете внимание на своите емоции овој викенд. Таа ви носи силно влијание на вашата самодоверба и охрабрување, па така ќе ви биде лесно да донесете одлуки, дури и тоа да ви било тешко претходно. Но, бидете внимателни со зборовите кои им ги кажувате на другите. За слободните Ракови, љубовта и романсата имаат важно место овој викенд. Можен е флерт со нови луѓе. Но, имајте на ум дека на близок пријател му се потребни вашите совети и поддршка. Бидете тука за нив.
Лав
Лавовите ви можеле да имаат силна потреба да останат дома, овој викенд. Ако сте во врска, веројатно ќе бидете инспирирани да поминете време со саканата личност, а под светлината на полната Месечина, хармонијата ќе биде присутна. Ќе забележите значаен развој во вашите лични односи. Слободните Лавови ќе имаат можност да направат план за она што го сакаат. Размислувањето за своите чувства ќе ве стави во расположение да одредите дали сакате да се посветите на сериозна врска. Месечината ќе ви ги донесе сите важни одговори.
Девица
Ако го почнете викендот со лошо расположение, тоа може да биде поради недостатокот на баланс во вашата енергија. Но, слушнете го своето тело и одморете се ако тоа ви е потребно. Иако ќе сакате да излезете и да поминете убаво време со другите, важно е да ги ставите одморот и вашето ментално здравје на прво место. Најдете време да се посветите на умот, душата и телото и балансот меѓу нив. Слободните Девици не се заинтересирани за љубовни средби, но овој викенд носи можност да утврдите што сакате и да го постигнете тоа. Искористете ја енергијата од полната Месечина.
Вага
Ако имавте тешка недела, важно е да го оставите тоа зад себе и да се подготвите за викендот. Комуникацијата ќе ви биде силна страна, па така лесно ќе комуницирате со своите сакани, но и со нови личности. Фокусирајте се на она што има потенцијал да ви донесе радост овој викенд. Слободните Ваги имаат потреба да бидат со пријателите и да најдат среќа во нивното друштво. Но, тоа ќе ви помогне да запознаете и нови личности. Полната Месечина ви носи убав викенд.
Шкорпија
Ако се чувствувате иритирано овој викенд, можно е тоа да е тест за да научите да бидете трпеливи и да имате повеќе разбирање за другите. Можеби тоа ќе биде тешко, но е најдоброто нешто што можете да го направите за себе за да имате добар викенд. Енергијата од полната Месечина ќе ви помогне да се чувствувате посмирено, а балансот во енергијата ќе ги направи нештата хармонични. Но, бидете добри кон другите, особено најблиските. Слободните Шкорпии ќе бидат поимпулсивни од вообичаено. Ова се должи на енергијата на полната Месечина. Ако се гледате со некоја личност, можно е да се покаете за нешто. Ако се гледате со повеќе личности, веројатно ќе бидете збунети во однос на тоа која од нив е најдобриот избор за вас. Слушнете ја својата интуиција.
Стрелец
Стрелците не треба да чуваат тајни од нивните најблиски. Ако се соочувате со некоја чувствителна тема, бидете храбри и зборувајте за тоа. Полната Месечина ви носи хармонична енергија иако навидум не ви изгледа така. Не дозволувајте неважни нешта да влијаат на вашите односи со другите. Слободните Стрелци ќе бидат организирани и ќе се потрудат да го средат својот простор во домот, а тоа ќе има одлично влијание на нивното расположение. Ослободете се од негативноста која е дел од вас преку чистење и ослободување од работите кои не ви се потребни.
Јарец
Јарците треба да најдат време за своите сакани овој викенд. Ако сте во врска, добро е да поминете време со саканата личност и да ја покажете својата љубов. Енергијата која ви ја носи полната Месечина ве охрабрува да имате големи соништа. Ќе бидете задоволни од својот живот. Слободните Јарци ја чувствуваат позитивната енергија. Ако минувате време со други луѓе, тоа ќе ве исполни и направи среќни. Ако сте во потрага по љубов, ова е одличен период за тоа. Лесно ќе препознавате кој ви одговара, а кој не. Бидете свои.
Водолија
За Водолиите, овој викенд носи мало предупредување дека некои проблеми од минатото би можеле да излезат на површина. Ако сте во врска, не дозволувајте негативните емоции да го упропастат вашиот однос, овој викенд. Секогаш потсетувајте се на тоа зошто сте со личноста која ви значи. Слободните Водолии треба да се потрудат да размислуваат позитивно, а ако се соочите со некои стари чувства, соочете се со нив. Полната Месечина е тука да ви помогне да го оставите минатото зад себе.
Риби
Ако се чувствувате како многу нешта да се случуваа во вашиот живот изминатите недели, пробајте да сте околу луѓе кои имаат позитивно влијание на вас. емоциите ќе бидат силни, но полната Месечина ви носи смирувачка енергија. Само внимавајте прво да размислите пред да кажете нешто. Слободните Риби ќе се посветат на своите пријатели. Не дозволувајте нов љубовен интерес да направи да заборавите на сè околу вас.