Вини Харлоу, манекенката со витилиго, ги промени стандардите за убавина

Манекенката Вини Харлоу ја промени перспективата за убавина. Патот до успехот на Вини од самиот почеток не ѝ бил како во бајка. Нејзиното вистинско име е Шантел Броу-Јанг и по потекло е од големото Торонто. Кога имала четири години, ѝ било дијагностицирано витилиго, а болеста само напредувала и се ширела. Почнувајќи од раното детство, таа морала да живее со чувството дека е поинаква.

„Додека растев, никогаш не видов некој како мене на телевизија, на билборди или на модни писти. Се чувствував како да сум единствената личност на светот со ваков проблем“, вели Вини.

Врсниците не ја прифатиле поради нејзината состојба, а во едно интервју таа признала дека тоа е доста болно.

„Мислам дека состојбата на мојата кожа не влијаеше на мојата самодоверба толку многу како на луѓето околу мене“, вели Вини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow)

Витилигото се изразува со бели дамки на кожата. Понекогаш дамките се распоредени симетрично. На пример, може да се случи да имате речиси еднакви дамки на левиот и на десниот показалец. Распространоста во светот е околу 1 % од вкупната популација.

Кариерата на Вини почнала неочекувано. Како и повеќето талентирани луѓе, потенцијалот за модел на Вини бил откриен случајно. Нејзината кума Шенон Будрам, која била новинарката во Торонто, снимила видео на „Јутјуб“ за неа. Видеото бргу собрало повеќе од 150.000 прегледи.

Шенон ја охрабрила Вини, која во тоа време имала само 16 години, сериозно да размисли за кариера на модел.

„Ми се јави и ми рече дека треба да продолжам да се занимавам со манекенство, дека камерата ме сака и дека сум природна“, се сеќава Вини.

Големиот успех се случил во 2014 година, на нејзини 19 години, кога учествувала во програмата America’s Next Top Model, а водителка била Тајра Бенкс. Иако не победила, била помеѓу последните кругови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow)

Манекенството ѝ помогнало да зборува и да ги инспирира другите. Вини стана заштитно лице на познат моден бренд, а често се појавува на телевизија и отворено зборува за стандардите за убавина. Таа има добиено многу награди во разни сфери и продолжува да ја тресе модната индустрија со своите смели мислења. Вини стана личност што ги менува светските стандарди за убавина.

„Верувам дека убавината е во окото на оној што гледа“, вели жената, која се обидува да ја направи модата поинспиративна. Секогаш велам дека треба да се фокусираме на нашето мислење за себе, а не на мислењата на другите“, заклучува Вини.

Scroll to Top