Владо Јаневски, Љубојна, Александра Јаневска, Ламбе и Таско ќе пеат на „Макфест 2023“

Ламбе Алабаковски, Љубојна, Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Таско, Александар Тарабунов се дел од звучните имиња кои оваа година ќе пеат на 12-ти октомври на „Макфест 2023“ во Штип.

Ќе има две фестивалски вечери. На првата вечер ќе пеат дебитантите, а на втората позвучните имиња кои некои од нив по подолго време се враќаат повторно на сцената на „Макфест“ во Домот на култура.

Уметничкиот директор на фестивалот, композиторот и музичар Роберт Саздов потенцираше дека годинешново издание во двете фестивалски вечери има потенцијал да создаде повеќе хитови отколку една Евровизија. Дека песните се модерни, современи, жанровски различни, но певливи и бргу допираат до публиката.

Главниот кординатор на „Макфест“ како претставник од организаторот – општина Штип, Александар Арсовски говореше за техничко – организационите детали на годинешниот „Макфест“  кој со помош од срдствата од општината, помагателите и спонзорите ќе добие една сосема нова компонента како во содржинскиот, така и во техничко-визуелниот квалитет и понуда.

Како што веќе беше најавено, по повеќе од три децении, на сцената на најугледниот фестивал на збавни песни воМакедонија, се враќа и една од најголемите македонски поп ѕвезди на сите времиња –Владо Јаневски. Тој на пресконференцијата направи емотивен осврт и носталгична прошетка поспомените од фестивалските години, потсетувајќи ги новинарите дека на сцената на домот на културата во Штип е уште од првиот „Макфест“. Тогаш како клавијатуристна групата „Бон Тон“ во нивната тогашна песна „Старо купувам“, за подоцна и самиот да биде дел од ѕвездените учесници со неговите „Еден бакнеж“ и „Чаирска романтика“, а сега со неговата нова фестивалска тема во најава „Златни години“. Јаневски исто така говореше за значењето и улогатана „Макфест“ за Штип, Македонија, но и за младите имиња кои допрва доаѓаат на естрадната сцена.

Членот на уметничкиот совет Јован Јованов која за оваа цел допатува директно од Канада каде последниве години живее и работи, зборуваше за сценскиот изглед на годинешното фестивалско издание, како и за целокупниот визуелен дизајн, но и за застапеноста на современите форми на презентација на фестивалот и неговите содржини преку постојните Интернет платформи и социјалните мрежи.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој во својство на прв човек на организаторот говореше за суштината, значењето, улогата и сето она што „Макфест“ како фестивал значи не смо за општината и нејзината околина, туку и за цела Македонија, македонската култура и јазик и националниот идентитет воопшто.

При тоа потенцирајќи дека брендот кој трае цели 38 години продолжува да се негува, но на нов, современ, модерен начин, најмногу близок до младите и нивното поимање на новите музички правци.

Пред бројните претставници на медиумите и дел од пејачите  кои беа присутни низ посебна видеопрезентација на видео бимот беа претставени сите учесници. По 13 во секоја од двете фестивалски вечери, со визуелна најава на изведувачот, името на песната и аудио на рефренот од истата, која ќе ја изведува.

Пресконференција ја модерираше официјалниот ПР на „Макфест 2023“, новинарот и водител Антонио Димитриевски кој меѓудругото појасни дека и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- радио Скопје.

 

Scroll to Top