Во Ирак мажот има право да ја тепа жената за да ја дисциплинира

Во Ирак постои закон со кој на мажот му се дава за право да ја тепа жената. Според  членот 41 од кривичниот законик, земјата им дозволува на мажите да ги дисциплинираат сопругите, што вклучува и тепање. Во случај на убиство или трајна повреда, според членот 409 казната е само три години затвор.

Голем број демонстранти протестираат и го осудија таканареченото убиство од чест. Го осудија и случајот со убиството на 22 годишната Јутјуб ѕвезда Тибе Али, која ја задави татко ѝ.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Сад Ман рече дека ја убил на 31 јануари, а потоа самиот се предал на полицијата, пренесе „Асошиетед Прес“.

Во извештајот стои дека ја задавил додека спиела. Таканареченото убиство од чест го осудија група за заштита на женските права и жители кои сметаат дека е потребна реформа на законодавството. Бараат поостри казни за сторителите.

„Во убивањето жени нема чест“, имаше на транспарентите на демонстрантите.

Scroll to Top