Во Канада се нуди сместување, каде што, наместо ноќевање со појадок, има ноќевање со марихуана

Консумацијата на канабис е легална во Канада, со што овој туризам се развива во земјата. Некои домаќини, наместо ноќевање со појадок, нудат ноќевање со џоинт.

Понудите се ставени на посебен веб-страница. HiBnb е канадска компанија специјализирана за изнајмување сместувачки капацитети погодни за канабис. Поточно, како што објави torontosun.com, во Канада корисниците може да си резервираат повеќе од 300 кориснички капацитети преку оваа страница. Покрај Торонто, други градови што нудат сместување погодни за канабис на HiBnb се Ванкувер, Калгари, Халифакс, Келоун, Вајтхорс.

Гостите се претежно меѓународни туристи од земји во кои канабисот не е легален. Цената на сместувањето почнува од 89 долари за ноќевање. Домаќините се охрабруваат да имаат канабис во станот за да ги пречекаат гостите.

„Не треба да се мачите да најдете место за консумирање кога ќе пристигнете. Кога ќе го резервирате вашиот одмор со канабис преку HiBnb, вашиот домаќин може однапред да ви ја обезбеди потребната количина канабис, секако, во согласност со законот“, изјавил извршниот директор на HiBnb, Елизабет Бекер.

Освен во Канада, HiBnb нуди и резервации во американските држави во кои канабисот е легален.

 

Scroll to Top