Во Њујорк е изграден најтенкиот облакодер на светот

Во американскиот град Њујорк, познат по своите облакодери, заврши изградбата на кулата Стенвеј, позната како најтенкиот облакодер на светот. Станува збор за импресивно архитектонско достигнување направено од бетон и стакло кое се издига 435 метри на Менхетен со поглед на Централ Парк, а широк е само 18 метри.

Облакодерот се наоѓа во таканаречениот Millionaires Row – област со луксузни згради околу Централ Парк каде живеат некои од најбогатите луѓе во светот. Тој е еден од највисоките облакодери на западната хемисфера, зад Светскиот трговски центар One, кој е висок 541 метар и кулата Централ Парк, која се издига на 472 метри.

SHoP, архитектонската фирма која ја дизајнираше зградата, изјави дека кулата Стенвеј ја носи титулата најтенкиот облакодер во светот со сооднос на висината и ширината од 24 спрема еден.

Цените за становите во овој развој на Менхетен во средината на градот се движат од 7,75 до 66 милиони долари. Фасадата на облакодерот содржи блокови од теракота, материјал кој се чини дека ја менува бојата и текстурата кога се гледа во различни светла и од различни агли.

Се вели дека првите сопственици на 84-катниот облакодер, чија изградба започна во 2013 година, ќе почнат да се вселуваат во своите нови станови на почетокот на годината.

 

Scroll to Top