Во Њујорк пронајдена статуа од 12. век која пред педесет години била украдена од индиски храм

Статуа од 12. век на хинду божицата Парвати, што била украдена 1971 година од храм во индиската држава Тамил Наду е пронајдена во Њујорк. Таа се наоѓала во приватна колекција на аукциската куќа Бонамс, откри полицијата.

Се проценува дека бронзената статуа вреди околу 212 илјади долари, а ја прикажува божицата во исправена положба, со круна од прстени на главата. Шемата од круната се пресликува и на ѓерданите, алките и наметката.

Изминатите години Индија ги засилува напорите да ги врати статуите и артефактите кои се украдени од храмовите, а се дел од нивното културно наследство. Од 2014 година до сега се пронајдени и вратени преку 200 скапоцени предмети. Лани Велика Британија ѝ врати на Индија три бронзени скулптури кои биле украдени од храм во Тамил Наду пред околу 40 години.

 

 

Scroll to Top