Во Сплит има кафуле што нуди божиќна магија преку специјална топла чоколада

Во Сплит се наоѓа кафуле кое нуди божиќна магија во секоја смисла. Нивниот инстаграм-профил изгледа како божиќна бајка, а топлите напитоци за децата, но и постарите се вистински хит меѓу посетителите.

Слаткиот бар го има оригиналното име „Веднаш, зад“, а се наоѓа веднаш зад Сплитскиот хрватски театар. Пријатниот амбиент ќе ви овозможи да се чувствувате како да сте во вашата дневна соба, а изборот на оригинални пијалаци и вкусни десерти ќе ги воодушеви сите оние кои сакаат поспецијална понуда.

Врвот на нивната понуда е секако италијанското топло чоколадо. Кафињата се зачинети со празнична магија, па можете да најдете зачинето лате со вкус на тиква или кремаво лате со вкус на ѓумбир.

„Ако не сте љубители на топло чоколадо, може да го пробате вкусно какао со шлаг и манчмело кој е фаворит помеѓу помладите. За повозрасните алкохолот е прв избор, а тоа е топло чоколадо со алкохол. Некои од пијалаците се спој на бурбон, карамела, лешник, шлаг кој го има името ‘дринк тофу’ или спој на топла чоколада со вотка, малина, шлаг и прелив од шумско овошје кое го има името ‘бери вајт’, раскажува сопственичката Кристина Рестовиќ, која е и креаторка на сите креативни идеи во кафулето.

Scroll to Top