Водител на радио починал среде емисија во живо

Педесет и петгодишниот водител во радиото GenX Radio Тим Гаф починал среде емисија во живо, пренесе Би-би-си. На Гаф му се слошило во понеделникот и доживеал срцев удар додека ја водел емисијата.

Колегите во радиостаницата објавија дека Гаф починал во 7:50 часот утрото и дека веднаш ја исклучиле музиката, а неколку минути подоцна повторно била пуштена во етер. Тие велат дека бил грижлив и забавен тип и дека на сите ќе им недостига.

„Се надевам дека стотиците пораки со сочувство и поддршка ќе бидат барем утеха за семејството на Тим, кое побара приватност во овој тежок момент“, рече директорот на радиото Џејмс Хејзел.

За потсетување, поголемиот дел од својот живот го поминал во Сафолк, Англија, каде ја започнал својата радиокариера во 1986 година.

 

Scroll to Top