Водител заработил отказ откако на продуцентите им кажал дека има рак

Водителот на емисијата „Место под сонцето“, Џони Ирвин заработил отказ од телевизиската куќа, откако на продуцентите им кажал дека има рак. Тие не сакале да му го продолжат договорот поради болеста.

Ирвин објасни како ја примил лошата вест од надредените во тешките моменти од неговиот живот, кога лекарите му прогнозирале уште неколку месеци живот. На соработниците им открил дека има рак во терминалната фаза, по што добил отказ за што јавно зборуваше за британски „Сан“.

Откако им кажал од Freeform Productions му ги исплатиле платите за до остатокот од сезоната и не му го продолжиле договорот. На почетокот на ноември, Џони откри дека канцерот му метастазирал и му се проширил на мозокот. Ирвин е водител на емисијата A Place in the Sun од 2004 година, а од 2010 се појавува во емисијата Escape to the Country на BBC One. Ракот му бил дијаностициран во 2020 година и лекарите му прогнозирале шест месеци живот. Дијагнозата не ја објавил во јавност сè до неодамна.

„Можев да работам на емисијата и да патувам неколку дена. Кога ми рекоа дека не можам, срцето ми се скрши. Тоа што повеќе не работам на емисијата влијаеше на моето ментално здравје. Сега сум семеен човек, но сакам да бидам и водител, да патувам и да заработувам пари за моето семејство. Тие не мислеа на мене“, рече Џони и потоа откри дека продуцентите брзо му нашле и замена.

„По две недели, ново лице ми ја презеде емисијата. Мислам дека по 18 години заслужив малку повеќе почит. Тоа сепак беше мојата прва телевизиска работа“, додаде тој.

Freeform и Channel 4 канали на кои емисијата се прикажува рекоа дека направиле сè за да остане, но дека не можеле да добијат осигурување.

„Иако не можевме да продолжиме да снимиме со него во странство, драго ни е што можеше да остане како дел од нашиот тим во Обединетото Кралство. Ние, се разбира, разбираме колку тоа е фрустрирачко за него во овој неверојатно тежок момент за него“, напишаа тие во соопштението.

Ирвин е оженет и има синови близнаци и уште едно дете.

 

Scroll to Top