Војната во Украина ги промени имињата на руските сладоледи

Војната во Украина  предизвика промени и во кутиите за сладолед и нивните имиња. Токму тоа ги изненади клиентите во ланецот Едека. Вкусот на сладолед Московска уметност ќе се преименува во Киевска уметност.

„Сè уште сме многу загрижени за тоа што се случува во Украина. За нас е важно да продолжиме да ја изразуваме нашата солидарност и веруваме дека и со мали гестови тоа може да се покаже“, рече претставникот за медиуми на Едека.

Ваквата промена на името на сладоледот на некои клинети не им се допаѓа, додека па некои сметаат дека би било подобро маркетот Едека да им помогне на украинските бегалци со хуманитарни акции отколку да ги менуваат имињата на сладоледот.

Scroll to Top