Возило усмрти мечка која се движела на автопатот Тетово-Скопје

Млад возач (21) од Општина Василево својот автомобил удрил и усмртил мечка која се свижела на автопатот Тетово – Скопје, кај  Карпалак, при што се повредил. Настанот се случил синоќа, 40 минути по полноќ.
“„Синоќа во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило ‘фолксваген поло‘ со скопски регистарски ознаки  удрило и усмртило мечка. Во несреќата, возачот се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово„, рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски
Ова не е прва ваква несреќа на овој автопат. Пред година и пол, возач од Кичево усмрти мечка, исто така во близина на Карпалак.

Scroll to Top