Вработените во „Мекдоналдс“ се жалат на сексуално вознемирување, покажало истражување на „Би-би-си“

„Би-Би-Си“ спроведе петмесечна истрага и откри дека вработените во „Мекдоналдс“ масовно се жалат дека се сексуално вознемирувани. Новниарите разговараа со работниците на „Мекдоналдс“ во Велика Британија и ги праша за нивните работни искуства во оваа компанија.

78% од нив се пожалиле дека биле сексуално вознемирувани. 31 лице пријавило сексуален напад, 18 се жалеле на расизам, а шестмина на хомофобија. Менаџерите имаат сексуални односи со членови на тимот на пониски позиции, што исто така не е во согласност со политиката на оваа компанија, велат тие.

„Би-Би-Си“ почна да ги истражува работните услови во „Мекдоналдс“ во февруари, откако компанијата потпишала правно обврзувачки договор со Комисијата за еднаквост и човекови права (ЕХРЦ) со кој се обврзала да го заштити својот персонал од сексуално вознемирување.

Тогаш компанијата објави дека има добри резултати во оваа област, но истрагата покажа поинаква слика. Британската агенција за еднаквост соопшти дека е загрижена од наодите на „Би-Би-Си“, а „Мекдоналдс“ се извини и додаде дека сите вработени заслужуваат да работат во безбедна и инклузивна работна средина.

„Мекдоналдс“ е еден од најголемите работодавци во приватниот сектор во Велика Британија. Гигантот за брза храна има повеќе од 170.000 луѓе кои работат во 1.450 ресторани.

Нејзиниот персонал е многу млад, бидејќи три четвртини од вработените се на возраст од 16 до 25 години, а на многумина од нив тоа им е прва работа.

Scroll to Top