Откако Маск рече дека ќе избркал 3700 луѓе од „Твитер“, вработените за да докажат дека се вредни работат и по 24 часа на ден, а некои и спијат во канцелариите. Во петок се очекува новиот сопственик, да избрка речиси половина од вработените во компанијата, пренесоа светските медиуми.
Новинарите на „Бизнис Инсајдер“, разговараа со двајца од вработени во „Твитер“ кои биле запознати со плановите на компанијата, а кои сакале да останат анонимни. Тие пренесоа дека списокот на луѓе кои се очекува да добијат отпремнина поради раскинување на договорите за работа, е завршен во среда.
На него треба да се најдат дури 3700 луѓе. Откако Маск официјално го купи „Твитер“ минатата недела, тој ги рангираше работниците според нивниот учинок. Шефовите во одделението имале задача да состават список и да изберат кого ќе задржат во компанијата, а кого ќе отпуштат. Листата потоа била испратена на Маск.
Списокот дошол и до неговиот тим, вклучувајќи го и неговиот адвокат Алекс Спир.
Се очекува отпуштањата да бидат објавени во петок околу пладне. Ако бидат отпуштени повеќе од 3700 луѓе, тоа би значело губење на повеќе од половина од работната сила. По зголемувањето на работната сила на компанијата на околу 8200, во јуни, стотици луѓе го напуштија „Твитер“, откако Маск одлучи да го превземе.
На крајот на септември компанијата остана на само 7500 вработени. Во меѓувреме, „Вашингтон пост“ извести дека тимот на Маск планира да го намали персоналот за околу четвртина во првата фаза на отпуштања, повикувајќи се на персонал запознат со разговорите кои се водеке во седиштето на компанијата минатата недела.
На оние кои сакаат да ги задржат работите ги советувале да му пристапат на Маск директно преку Slack со нови идеи и да бидат подготвени да работат со голема енергија, е наведено во интерниот меморандум до кој дошол „Бизнис инсајдер“.
„Од нас се очекува буквално да работиме 24/7 за да го изведеме ова“, гласела една од пораките на вработените кои во моментов подготвуваат ревизија на начин на кој функционира процесот на верификување на налозите.
„Во тоа време на вработените не им е речено дали ќе добијат плата за прекумерна работа за задачите“, пренесе CNBC. Некои компании ги гледаат сите овие задачи како тест на тимот на Маск, за да видат дали вредно работат. Но, тие се грижат за тоа да нивните кариери на „Твитер“ не завршат, ако не успеат да ги комплетираат задачите до крајниот рок, односно почетокот на ноември.
Според интерните податоци до кои дојде CNBC, вработените од другите компании на Маск, сега се овластени да работат на „Твитер“, вклучувајќи повеќе од 50 луѓе од „Тесла“, двајца од Boring компанијата, која се занимава со изградба на подземни тунели и еден од Neuroling.
„Твитер“ најави радикални промени под водството на Маск. Процесот на верификација на корисниците сега ќе биде наплатуван. За синиот знак кој ја означува автентичноста на налогот, ќе мора на секој од корисниците да му се одбива по осум евра месечно од сметка.
Апликацијата за кратко видео Vine, кој „Твитер“ ја затвори сега е повторно активирана, а праксата на модерирање содржини се испитува.
Од корисниците на „Твитер“ пак има многу кои се жалат дека веќе изгубиле голем дел од фановите и следачите. Причната е големата чистка која Маск ја најави и бришењето на лажни профили, како и деактивација во знак на протест. Синиот знак на „Твитер“ во иднина ќе се наплаќа по 8 долари.
Глумецот од „Војна на ѕвездите“ Марк Хамил во петокот обајви дека изгубил речиси 6000 фанови за само три дена. Маск веќе почна да го намалува бројот на таканаречените ботови или лажни профили на платформата, за кои се смета дека чинат 5% од корисничките налози.
Причината зошто луѓето губат обожаватели на „Твитер“, како што еден корисник објасни, е големата чистка која Маск ја прави, а може да биде и тоа што голем број од корисниците веќе ги деактивираат нивните налози во знак на протест против новиот сопственик Маск, пренесе „Дејли Мејл“.