Време е за божиќната ѕвезда: Совети како да ви трае подолго

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Божиќното цвеќе или еуфорбија е растение кое на трае долго. Тоа значи дека цвета кога денот е пократок од 12 часа. Ако просторијата каде што е сместено е осветлена подолго од 12 часа тоа нема да процвета. Ова цвеќе може да се најде во различни бои кои варираат од нежна беж до најпрепознатливата црвена како крв боја. Божиќното цвеќе е тропско растение кое потекнува од Мексико или Централна Америка.

Она што е особено важно за ова цвеќе е дека не цвета во текот на целата година, па кога ќе му опаднат листовите тоа не значи дека е крај.

Многумина и не знаат како точно се одгледува па во продолжение прочитајте неколку трикови.

Кога Божиќното цвеќе ќе прецвета, треба да го преместите во малку постудена просторија и да престанете да го налевате. Сепак, по периодот на мирување, ова цвеќе ќе биде подготвено за новата сезона ако го негувате правилно.
Ако сакате вашето растение повторно да расцвета, кога ќе дојде есен, секој ден чувајте го вашето растение во темнината од 8 до 12 часа.

Додека цвета, растението треба да го чувате во малку постудена просторија на температура од 12 до 14 степени целзиусови, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета.

Растението го бара најсветлото место (на прозорецот) и влажен воздух, а тоа се однесува на централното греење каде температурата е повисока. Кога ќе прецвета, односно кога ќе и отпадне цветот, растението можете да го префрлите во малку постудена просторија. Најпогодната температура е од 10 до 12 степени. Тогаш престанувате да ја налевате, па растението ќе ги отфрли лисјата, што значи ќе настапи мирување.

Во април растението треба да се пресади во свежа, хранлива земја со 15 отсто чист речен песок.

Кога ќе го пресадувате цвеќето, добро е гранчињата да ги скратите на должина од околу 10 сантиметри. Местото каде што сте го исекле цвеќето запрашете го со дрвен јаглен или запечатете го со восок од запалена свеќа, за да не истече млекото. Ако истече млекото од растението, тешко дека тоа повторно ќе цвета.

На пресаденото растение обезбедете му светлина и топло место, во близина на прозорец или на прозорецот, а на почетокот налевајте ја внимателно. Кога ќе почне да пушта нови гранчиња залевајте ја обилно и тоа секогаш со млака вода.

Кон крајот на јуни можете да ја изнесете надвор на сончево место. Со оглед на тоа дека растението е во полн раст, секои 15 дена треба да го потхранувате. До есен таа ќе пушти цврсти гранчиња. Кога ќе натсапат постудените денови, растението треба да го внесете во потопла просторија, на полна светлина на прозорецот.

Scroll to Top